(ФОТО) Поранешната наша министерка го откри нејзиното вистинско задоволство со кое поставува нови рекорди

  • By klaster3
  • септември 22, 2022
  • 0
  • 296 Views

Како што и е познато на македонската јавност, Нина Ангеловска беше поранешна политичарка и министерка за финансии. Покрај тоа, таа работела како консултант за развој на бизнис, дигитална економија и е-трговија.

Таа го иницирала формирањето на Првата македонска асоцијација за е-трговија каде што служела како претседател до влегувањето во Владата.

Ангеловска се школувала во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што дипломирала и магистрирала на насоката Е-бизнис на Економскиот факултет, а докторирала во 2016 година во областа на менаџмент.

Дипломирала како студент на генерацијата и била наградена со Френк Менинг за најдобар студент во генерацијата економски науки во 2010 година.

Во 2016 година Ангеловска била признаена како една од 100 жени основачи во Европа, листа составена од германскиот стартап магазин Хундерт.

Таа е соосновач и била на чело на првата платформа за зделки и водечка компанија за е-трговија во Македонија, Групер.мк, лансирана во 2011 година што го трансформираше пазарот за е-трговија.

А од неодамна Ангеловска замина за Белград каде ќе ја предводи компанијата за онлајн-трговија „Ананас“, која е дел од „Делта холдинг“ на познатиот бизнисмен Мирослав Мишковиќ.

Ангеловска веројатно ќе работи и на воведување на платформата во Македонија. „Делта холдинг“ е „тежок“ околу една милијарда евра, а компаниите кои се дел од концернот вработуваат околу 3.600 луѓе.

Но, она што помалку и е познато на јавноста е дека поранешната министерка за финансии покрај работните обврски има време и за спорт.

Така, се почесто може да видиме како му се посветила на спортот, па неизбежни се нејзините учества на маратони и полумаратони, како во Македонија така и во странство.

Учествуваше на маратон во Берлин, потоа во Србија, а изминативе денови трчаше на полумаратон во преубавиот град Порто, Португалија, за што сподели и објава на социјалните мрежи:

„Уште еден полумаратон годинава, уште еден PB 1:44:56 на Meia Maratona do Porto. Најдобра конкуренција е кога се споредуваме сами со себе – ‘денес’ да сме подобри од ‘вчера’..a кога хобито ќе се спои со патување и откривање нови места како Порто, трчањето е вистинско задоволство.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.