Наталија: Со мaлo дете сум, немаме ни за храна, ни за сметки – веќе сум без струја, ако може да ми помогне некој

  • By admin
  • септември 22, 2022
  • 0
  • 251 Views

Инфлацијата си го прави своето, па секојднево сме сведоци на се поголеми покачувања на цените што придонесува за зголемување на сиромаштијата.

Новата појава на скапи сметки, зголемени цени на прехранбени продукти не секој може да ги издржи и веќе се чувстуваат првичните ефекти кај многу наши сограѓани.

Па така многумина се одлучуваат да побараат помош јавно од хуманите граѓани кои на каков било начин можат да и олеснат.

Во таа насока е и последната објава на ено од најпознатите телевизиски лица во Македонија, шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец – тоа е единствениот Игор Џамбазов.

Маестро Џамбазов многупати се покажал и докажал пред се како човек кој излегол во пресрет на луѓе на начин на кој што му дозволуваат можностите.

Овојпат Игор Џамбазов на својот фесјбук профил го сподели апелот за помош во кој што се вели: Наталија моли за помош:

“Здраво на сите, се наоѓам во тешка ситуација . Се викам Наталија, потребно ми е помош со храна и плакање околу сметки за струја.

Моментално сум без електрична енергија, кој сака да ми помогне нека ме контактира на 079333026. Не можам ни храна да направам, а со мало дете сум.

Поднесов за самовработување, но уште нема префрлено средства. Отворив фирма, придонеси течат, средатвата не се префрлени, а немам ни здравствено осигурување…”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *