(ФОТО) Познатиот македонски водител на 53 години стана пак татко: Да ми кажуваше некој некогш ова, ќе мислев дека луд

  • By admin
  • септември 22, 2022
  • 0
  • 245 Views

Игор Филевски или Филе Топки кој своевремено важеше за водечки спортски новинар кај нас деновиве на Малта каде што живее веќе неколку година имаше особена причина за радост, која ја сподели со сите преку својот фејсбук профил:

Да ми кажуваше некој некогаш, кога бев млад и полузелен дека кога ќе имам 53 ќе станам пак татко и дека на оваа возраст ќе лулкам и шеткам бебе, ќе мислев дека е л уд или дека му се измешале брзините.

Ете денес, не само дека тоа ми е реалност, туку и се чувствувам многу убаво. И прилично свежо.

А дефинитивно само предрасуди се во прашање кога некој ќе каже “стари сме за деца”. Точно е дека има разлики во восприемањето на бебешкиот плач, на 30 и кусур и на 50 и кусур. Останатото е се’ ок.

Наскоро ќе имам 53, а се чувствувам како да имам 35 или 40 максимум. Не трчам веќе така јако и добро на фудбал, ко некогаш, но со умот сум поефективен и пак “клавам голои” и од место.

Немам кондиција ко порано, но знам како да не ја трошам безпотребно и таа што ја имам, за да си ја завршам задачата.

Телото не ми е исто, тоа е повеќе од јасно, но младоста е само состојба на умот. Младоста нема тело. Младоста е енергија која го движи телото, каде и да е, какво и да е.

Сигурно е дека нема да доживеам да седам на кафе со Марио кога ќе наполни онолку години колку имам јас сега, па да разговараме за неговите деца, мои внуци, ама знам дека додека не се одјавам ќе бидам максимално агилен и активен, со мислата која не старее, со живот од кој зрачи “зрелата младост во староста”.

Па макар тоа било и само уште 10-20 години на овој свет за мене. Нашите северни соседи велат “с ким си, такав си”, е тоа најмногу важи за виталноста и за состојбата на умот.

Дефинитивно.И потврдено. Од мене. Сега. Затоа и денес се чувствувам млад исто како и пред деценија ипол. Растеретен од многу стигми и пре драсуди што ја менуваат перцепцијата на стереотипното секојдневие.

Само посакувам што подолго да биде така… Ви благодарам на сите за честитките и ви посакувам да се чувствувате младо и кога мислите дека “годините ве налегнале”. Немајте пред расуди ако сакате дете и на 45 и на 55, (ако сакате пред се!).

Старост не постои.Тоа е само состојба на умот.А тоа што телото ви старее, не заборавајте дека тоа е само тело, физикус, гардероба на умот и мислата.

А умот го полните вие и го сетирате според своите амбиции и задоволства. Не според тоа колку години ќе наполните утре.

Имајте убав ден и ноќ и ви благодарам уште еднаш на честитките и прекрасните муабети во честитките.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *