(ФОТО) Перо Антиќ славеше јубилејен родендне – Катарина Ивановска покажа како го прославија

  • By admin
  • јули 30, 2022
  • 0
  • 140 Views

Важи за еден од најдобрите спортисти во историјата на Македонија. Човек кој што ја направи една од најдобрите и најуспешни интернационални кариера кога станува збор за Македонците.

Според многумина без сомнение тоја е најдобриот македонски кошаркар во историја, а има и со што да се пофали богами.

Перо Антиќ беше и се уште е првиот роден Македонец кој заигра во НБА лигата, а притоа е трикратен освојувач на Евролигата.

Беше предводник на националниот тим при најголемиот успех на ЕП во Литанија кога „црвено-жолтите“ беа на чекор до медал, но на крај останаа четвртопласирани.

Како што е познато Перо Антиќ во моментов ја извршува функцијата претседател на кошаркарската федерација на Македонија.

Освен што враќањето во Македонија му донесе нова функција и нови предизвици, тој реши да сврте и нов лист на љубовен план.

Со веќе поранешната сопруга Ружица како што е познато Перо има три сина со кои минува доста време за што објавува и на социјалните мрежи.

Но екс сопругата веќе е мината, а тој е во љубовна романса со моделот Катарина Ивановска која исто така зад себе има брак и деца.

Антиќ за прват ја призна својата врска со Катарина кај јутјуберот Лазарво, Антиќ иако со кратки одговори, сепак обелодени дел од својата приватност.

На прашањето која според него е најзгодна од трите дами, Лила Филиповска, Маријана Стојановска или Катарина Ивановска, тој веднаш одговори дека Катарина е најзгодната.

Во продолжение Лазаров го праша како им започнала врската на што Перо даде краток одговор: „Романтично, како познати претходно се знаевеме, здраво, здраво“ изјави Антиќ и кажа дека за приватниот живот не сака да зборува.

Манекенката Катарина Ивановска исто така неодамна во интервју за „Бекстејџ“, конечно откри во какви односи е со Перо Антиќ. Имено, на прашањето дали се во врска, манекенката одговара потврдно и потенцира дека се заедно.

Двојката веќе не се сокрива и често може заедно да се видат во јавноста. Доста и патуваат заедно од Македонија како што беше тенискиот турнир во Белград, одморот во Бодрум и слично.

Вчера Перо Антиќ наполни 40 години и прослави мал јубилеј со кој зачекори во петата деценија од својот живот.

Тој роденденот го прослави со Катарина кој објави како му го честиташе роденденот со порција благо, на што Антиќ се заблагодари со срце.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *