(ФОТО) Гавазова го користи секој момент за уживање – овојпат на познато туристичко место во Македонија

  • By klaster3
  • јули 30, 2022
  • 0
  • 228 Views

Кога станува збор за Сузана Гавазова она што прво ни паѓа на памет секогаш е загарантирана забава, но и беспрекорен изглед.

Пејачката е една од ретките која навистина многу се грижи за својот физички изглед. Освен што плени со својата несекојдневна боја на глас, таа воодушевува и со својата става.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.

-Не можам да ја споредам Македонија со ниту една друга земја, а нема ни потреба, ја сакам затоа што е моја. Ја сакам и Босна затоа што мојот сопруг е од Босна, изјави Сузе.

Сузана Гавазова важи за една од најпопуларните македонски турбо фолк пејачки, која зад себе има изработено повеќе од пет албуми и има издадено повеќе спотови.

Сузана е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од настапите, но и од нејзиното семејство, додека се на одмор или пак на обичен фамилијарен ручек.

Годинава за Сузе започна со многу настапи како во земјава така и надвор од неа, па имаше можности да се изнашета во многу земји. Летниот одмор си го помина на островот Миконос, но и оттогаш не пропушта можност да замине на плажа.

Било да е на минување или испланирано, Гавазова гордо ја истакнува својата извајана става во бикини покрај море или езеро. Овојпат, Сузе покрај настапите реши малку да се релаксира покрај нашето Охридско Езеро.

Кај нејзе ништо не останува несподелено со фановите, така и сега, покажа каде ужива со нејзиниот сопруг Јасмин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *