(ФОТО) Македонците во Америка долго ќе ја паметат вчерашната забава со Сузана Гавазова

  • By admin
  • јануари 8, 2022
  • 0
  • 700 Views

Сузана Гавазова покрај својата музичка дарба, од почетокот на кариерата се издвојува и со својот одличен изглед.

Таа во последно време речиси секојдневно ги изненадува своите следбеници со нови фотографии и видеа што ги објавува на социјалните мрежи, а многумина со нетрпение ги чекаат нејзините нови модни комбинации со кои никогаш не ги разочарува своите обожаватели.

Една од најдобрите и најбарани фолк пејачки во Македонија, Сузана Гавазова во последно време не ја држи ич место, па постојано патува.

Имено во последниот месец Сузе често ги пакува куферите и се качува во авион за да отпатува далеку од Македонија, најчесто тоа го прави со саканиот, нејзинито сопруг.

Македонската пејачка Сузана Гавазова е од оние пејачки која има фанови од 7 до 77 години. Така, каде и да се појави секогаш е добредојена, прави вистински дар – мар, а публиката во еден глас ги пее нејзините песни.

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.

Во изминатиот месец речиси секој викенд Сузе беше на реалација Македонија – Шведска- Македонија, а овојпат замина нешто подалеку.

Имено таа отпатува за САД каде што за Божиќ направи забава за незаборав во црквата Свети Никола во Њу Џерси.

Откако одмори од забавата, таа веднаш се качи на авион, но не заминува од САД. Туку продолжи за Индиана каде што ја очекува нова забава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.