Филе Топки кажа што треба да се случи за да тој и скоро милион Македонци кои се иселија се вратат во нашата држава

  • By admin
  • ноември 6, 2021
  • 0
  • 427 Views

Своевремено еден од најдобрите македонски спортски новинараи, Игор Филиевски познат како Филие Топки веќе низа години живее и работи надвор од Македонија.

Откако Филе Топки мина извесен период од животот во Барселона, Шпанија тој се вдомин во Малта каде што живеат и работат голем број Македонци.

Филе е доста активен на социјалните мрежи, па така на својот профил на фејсбук сподели статус во кој што вели:

„Би одел каде било, само ако тоа е одење напред”.

Да, таа суштина ја почитувам и живеам, откога ја прочитав за првпат пред деценија ипол. И тргнав… Така и со прашањето за Македонија, дали некогаш би се вратил?

Никогаш!Никогаш не би се вратил. Сем ако е тоа одење напред, а не враќање. Е сега, кога би било тоа да е одење напред?

Прво и основно, ако во ваква ситуација како сега, кога премиер би станал некој непартиски лик без никаков багаж, кога партиите би биле надпартиски здружувања со единствен концепт “подобро општество за сите”.

Ама не фејк како до сега, кога градоначалниците и советите, министрите и замениците им, би биле со луѓе кои се наши другари и пријатели кои ги познаваме уште од детството како чесни, одговорни, посветени и искрени, а не шупци, шалабајзери, на ркомани, алк холичари и “ќецаши”, како што вели една професорка.

Тоа е како за почеток, во контекст на сегашната ситуација.

Тогаш, сигурен сум дека ќе тргне и дека доаѓањето во Македонија, не само за мене, туку и за сите скоро милион кои ја напуштија, дека ќе биде “одење напред”.

Мислите дека тоа никогаш нема да може да се случи?Епа ако не се случи, така ќе биде и со нас и со сите млади кои и денес попладне и утре наутро купуваат авионски билет во еден правец.

Тоа е.Толку едноставно, а очигледно, толку многу тешко. Имајте убав ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.