Хирургот Мирко од Охрид: Јас сум дежурен со пола екипа, ако затреба да влезам во сала собирам екипа од дома

  • By admin
  • ноември 6, 2021
  • 0
  • 657 Views

Проблем со недостиг на педијатри ќе има и во наредните години. Со оглед на тоа дека специјализациите траат и по пет години а педијатријата е исклучително одговорна работа и потребно е да се биде добар дијагностичар бидејќи децата незнаат да кажат што им е само по себе бара огромно искуство.

Доктор Колоска вели дека треба повеќе години да се надмине овој проблем а дотогаш неизвесно останува функционирањето, бидејќи во повеќе градови има недости од овој кадар.

Охриѓани пак стр авуваат велат дека недозволиво е да нема педијатар во градот кој ќе може да ги лекува децата.

Одделението за педијатрија во охридската болница работи само како обична амбуланта .Поради недостиг на медицински персонал најмладите за хоспитализции се препраќаат во болницата во Струга.

Покрај детското одделение, од неодамна престана да работи и одделот за урологија во охридската општа болница. Сега и двете одделенија работат само како обични амбуланти.

За хоспитализација и преглед после 20 часот и за време на викендите, најмладите пациенти се препраќаат во Струга, додека оние со уролошки проблеми, се снаоѓаат како знаат и умеат. Објаснувањето на болничката управа е дека одделот е привремено затворен поради недостиг на кадар.

„Што е кажано дека имаме недостаток на стручен кадар, ние овој стручен кадар истиот го имаме веќе десет години. До деветти месец имавме триста операции и повеќе од 4.500 прегледи и како сега одеднаш нема стручен кадар…?“, изјави Ристо Медароски-уролог во општа болница Охрид.

Хирургот Мирко Лекоски вели дека проблемот со недостиг на кадар сериозно влијае врз работењето.

„Еве, јас сум дежурен овде со пола екипа, а да треба да влезам на наједноставна операција, како слепо црево, треба да собирам екипа од дома да викам болничар и сестра.

Само помалку специјалисти ќе имаме и дел од овие сите ќе заминат, кој во приватните болници, ние повозрасните во пензија и овде ќе биде тешко“, рече Мирко Лекоски-лекар хирург за Алсат ТВ.

Сериозен проблем имама и на одделот за трансфузија каде е останат само еден трансфузиолог. Решението дел од лекарите го гледаат во изградба на регионална болница кој би ги покривала и Охрид и Струга и би се споиле човечките капацитети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *