Нови пресуди за „Монструм“ – познати казните, има и доживотни

  • By admin
  • февруари 23, 2021
  • 0
  • 1319 Views

Денес Основниот кривичен суд Скопје ги прогласи обвинетите бегалци Алил Демири и Африм Исмаиловиќ виновни за тероризам и ги осуди на казни доживотен затвор, додека Агим Исмаиловиќ беше исто така прогласен за виновен за тероризам и исто така беше осуден на доживотен затвор.

Хаки Азири беше прогласен за виновен и осуден за две кривични дела помагање на сторител по извршено кривично дело и осуден на единствена казна во траење од 9 години.

Фејзи Аризи беше прогласен за виновен за помагање на сторител по извршено кривично дело и осуден на единствена казна затвор во траење од 15 години.

За Сами Љута се одбива обвинението поради откажување на јавниот обвинител на обвинението се до завршниот збор.

Ова е пресудата што денес Основниот кривичен суд Скопје ја донесе во повторениот судски процес за случајот „Монструм“.

Во претходна постапка за убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.