Нов момент: Сепак Сашо Мијалков виде во својот дом на Водно пред да му се изгуби трага

  • By admin
  • февруари 23, 2021
  • 0
  • 2084 Views

Полициски извори за Телевизија Телма тврделе дека екс директорот на тајната полиција, во неделата, откако последен пат бил во барот Дистрикт кој е во склоп на неговиот хотел Мериот, некаде околу 14 часот, потоа се вратил и влегол во неговиот дом на Водно.

Ова следува откако во дел од медиумите вчера се појавија информации дека наводно, полицијата го следела Мијалков до неговиот дом по сигналот на неговиот телефон, но потоа се испоставило дека тој не влегол во домот, туку таму стигнал само телефонот.

Како што е познато, во неделата, во 14.30 часот, бил оставен предлог од Обвинителството за притвор на Мијалков во истражниот затвор Шутка.

„Во тие моменти, поранешниот директор е во барот „Дистрикт“, дел од хотелот „Мериот“ на неговата маса. Седи таму со Ивица Коневски, а потоа околу 15 часот го напушта хотелот во центарот на Скопје и заминува во куќата на Водно. Полициски извори за Телма тврдат дека тој влегол во куќата. Додека Мијалков патувал кон Панорама, судот го добил барањето и бил предаден на кривичниот совет“, ова го пренесе Телевизија Телма според своите информации од полициски извори.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *