Пејачката Андријана Јаневска јавно моли за помош на свекрва и Радмила: Јавување во полиција не е некоја опција

  • By admin
  • февруари 23, 2021
  • 0
  • 2044 Views

Познатата македонска пејачка Адријана Јаневска преку социјалните мрежи вчера сподели пост во кој бара помош, а во истиот се вели:

Денес нешто пред 10 часот на мојата 82 годишна свекрва Радмила Гиновска и’ го снемува паричникот во KAM MARKET Буњаковец. Веднаш се јавив во Стопанска банка да ја блокираат картичката, но сепак, би било најдобро доколку некој од вработените во Кам маркет Буњаковец или некој чесен граѓанин го пронајде паричникот да ме исконтактира во порака или на телефон: 075460704.

Се надевам дека има камери и дека функционираат. Свекрва ми била облечена во виолетова јакна, а паричникот бил ставен во црна платнена торбичка. Секој совет е добредојден.

Јавување во полиција не е некоја опција бидејќи лани кога на татко ми му го украдоа паричникот во ЈСП и покрај сите документи кои ни ги побараа, ништо не се направи и човекот си остана без две пензии. Ви благодарам на сите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *