Македонскиот ракометен репрезентативец менува професија – станува програмер

  • By admin
  • април 4, 2021
  • 0
  • 2239 Views

Филип Чурлевски кој имам 29 години важи за добро познато име во македонската јавност. Тој е ракометен репрезентативец на Македонија кој игра на централната бековска позиција.

Чурлевски во моментов игра во Финска, за тимот на Сјундеа ИФ (СИФ), а претхоно со успех ги бранеше боите на нашите Вардар, Пелистер и Прилеп.

Тој беше дел и од македонската ракометна селекција на Светското првенство во Германија во 2019 година.

Се чини дека Филип веќе размислува за својата иднина, но надвор од спортот и веројатно ќе се преориентира во друг бизнис.

„Ја завршив Full-Stack Java Академијата на Code Academy и сега сум на remote пракса како Јаva девелопер во Iskratel. Благодарение на пандемијата, почнав да размислувам за други работи што би можел да ги работам во животот освен спортот. Заклучив дека една таква одлична професија е програмирањето. Тоа е нешто кое можам да го работам за време и долго време после пандемијата каде и да сум“, вели Филип за Code Academy и продолжува:

„Нешто што првично ме привлече кај Code Academy е што имаат голем избор на Академии. Тоа ме натера да истражувам однапред за да знам во што се впуштам. Всушност, сопругата ја најде Академијата. Таа ме советуваше да се запишам и ме поддржуваше низ целиот процес.

Почеток беше најтежок секако. Секој модул си имаше своја проблематика и не можам да се одлучам само за еден, но имавме многу добри ментори. На почетокот беше Мартин, па потоа Игор Илиевски.

Тие имаа многу трпение со нас и ни помагаа за сè, како да гугламе и како да доаѓаме до решенијата кои ни се потребни. Иако имавме многу тешки моменти, тие беа достапни во секое време и беа тука за нас во секој чекор.

Дефинитивно завршниот проект на Академијата. Тоа е платформа која опфаќа повеќе профили како кондициски тренери, фитнес тренери, физиотерапевти и корисници. Целта е да се конектираат меѓусебно и да може да ги практикуваат програмите без физичко присуство каде и да се наоѓаат. Исто така, се следат сите метрики од страна на дизајнерите на програмите.

Најмногу време посветив на мојот завршен проект. Toj е блиску до мојата професија, и е нешто во кое се разбирам и можам да пружам помош на оние кои им треба. Сè уште немам име за проектот, но секако ќе го довршам целиот проект во иднина.

Искрено, на почетокот беше тешко затоа што не сум навикнат да седам толку саати пред лаптоп. Како повеќе учевме, така сè повеќе ја засакав таа професија. Многу го засакав програмирањето и сè повеќе сакав да седам на лаптоп и да работам. Така да, и мене како и на повеќето програмери, ми одговараше седењето дома за време на пандемијата.

Сега затоа што почнав со пракса ми е малку понапорно, треба рано наутро да седнам да работам 7-8 саати. Но, не ми е тешко преку ден да работам и потоа да се посветам на спортот затоа што и двете многу сакам да ги работам.

Единствено што пазам е колку и што јадам. Како спортист мора да сум внимателен со храната, а пред лаптоп многу е лесно да се грицка сè и сешто.

Сè ова е многу ново за мене, немав никакво претходно искуство со програмирање. Многу ми е мило што почнав во Code Academy затоа што запознав прекрасни луѓе кои постојано беа желни да ми помогнат. Сите од студентите, менторите и вработените ми помогнаа на мојот пат да станам програмер.

Нема правила за тоа кој може и не може да биде програмер. Јас сум пример за тоа. Да ми кажеше некој пред година-две дека сега ќе бидам програмер воопшто немаше да верувам“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *