(ФОТО) Со луѓе кои ја враќаат вербата за подобро утро започна голема акција за санација на домот на Виолета од Ерџелија

  • By admin
  • април 4, 2021
  • 0
  • 1090 Views

Пред неполн месец сторијата за Виолета Давиткова од село Ерџелија во Свети Никола привлече големо внимание во јавноста.

Нејзиноот сопруг доби два последователни удари и западна, и кога мислела дека нема ништо полошо од тоа столбот на куќата да залегне, поголема болка е да си го гледаш детето беспомошно.

Нејзиниот син кој дотогаш носеше леб во куќата и беше здраво и право дете, само две години по случката со сопургот,и нејзинито син наеднаш залегна во кревет.

Тие живеат во тешки и нехумани услови, па затоа хумани и добри луѓе решија да и помогнат, а санацијата на нивниот дом веќе започна.

Александар Горгиевски од Штип со уште неколку хумани луѓе веќе ја отпочна акцијата и напиша на својот фејсбук профил:

Прв ден Хуманитарна Акција во Село Ерџелија. Официјално стартувам и со господ напред се надевам дека уште на една фамилија ке овозможам да живее достоинствено.

Благодарност до сите волонтери кој денес дојдоја и се вклучија да ми помогнат. Без нив ова што денес е изработено ќе беше невозможна мисија. Хуманитарци не се само тие што донираат, хуманитарци се и овие луѓе што овде помагаат волонтерски со срце и душа. Можам да пишам само РЕСПЕКТ за сите вас момци.

Благодарност и до Општина Свети Николе и градоначалникот Сашо Велковски кој како што веќе најавив се стави на располагање за се што е потребно РЕСПЕКТ и за него.

Македонската Радио Телевизија МТВ денес имаше свој камерман и ја долови правата слика на терен за некое време целата Македонска Јавност ке има можност да види колку е ова комплицирана работа и колку сака посветеност. Поздрав и секое добро народе мој Македонски!

Потоа во нова објава Аце напиша:

Работна акција втор ден нова улазна врата наместена нов ПВЦ дупли џам наместен DM Dekor фирма која заслужува голем респект секогаш во секоја моја хуманитарна акција први на тетен први со помош РЕСПЕКТ дечки РЕСПЕКТ!

Atanasov Ljupcho електричар и мајстор за се денес е овде да спроведе струја низ целата куќа и плус да му помогне на главниот мајстор КУЗЕ од ДМ ДЕКОР да ја наместат влезната врата и двокрилниот џам РЕСПЕКТ момче!

Благодарност до Градоначалникот на Општина Свети Николе Сашко и на орвиот човек на Комуналното што денес ни излегоа у пресрет и пуштија трактор со тројца работници од таму со тоа придонесоа за само пола ден целото ѓубре во и околу куќата да го товаравме и овозможиме сите мајстори у иднина што ке работат да работат безгрижно.

Ѓубрето е однесено и истобарано на депонија и со тоа веќе имам едно гајле помалку РЕСПЕКТ дечки!

И те како успешен ден е пред нас а ако денот по утрото се пoзнава и оваа приказна 100 % сум сигурен ке има срекен крај за брзо време!Александар Горгиевски.

После 9 саати работа крај на уште еден и те како успешен хуманитарен ден.Дела срцки дела не празни зборови.Нова улазна врата. Нов ПВЦ прозор.

Исфрлени 2 полни трактори ѓубре. Поставени и спроведени нови кабли за струја и во сите три простории ќе се работи безгрижно од понеделникИ за крај срушен таванот и комплетно очистено се. Александар Горгиевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *