Кире Ристовски од некогашен млад кувар во Скопје до сопственик на три македонски ресторани во Загреб

  • By klaster3
  • април 13, 2022
  • 0
  • 553 Views

Првиот во Долно Светице, вториот во Кустошија, а третиот на Савска се трите ресторани на Македонецот Кире Ристовски во Загреб.

Третиот ресторан „Мерак“ неодамна го отвори на местото на пабот Златни медо каде што ја спои македонската кујна со ориентални, медитерански и турски вкусови, но со интересен додаток, домашно пиво.

Имено, тој го презеде производството на светло, темно и сечено пиво, а во тек е и брендирањето на популарниот пијалок кој добро оди со храната на Мерак.

– Во далечната 2004 година, работев како готвач прво во хотел во Скопје и потоа добив понуда да дојдам во Хрватска, бев млад готвач во еден прекрасен ресторан во Риека. Таму останав десет години, а потоа се преселив во Загреб, изјави Ристовски.

– Пабот беше затворен две-три години, а ние само баравме нов простор. Ни изгледаше идеално и започнавме преговори за местото и набрзо отворивме ресторан. Пред да дојдам на работа во Загреб, готвев на море цели 13 години.

Таму го зедов најдоброто од медитеранската храна и го ставив во менито – вели Ристовски, кој од Македонија дошол во Хрватска пред речиси две децении.

– Се нудат повеќе од 60 јадења, а најпопуларно е секако тавче-гравче кое чини 30 куни, а на менито може да се најде во комбинација со плескавица. Покрај тоа, гостите со задоволство нарачуваат турли тава, македонско јадење со турски корени.

Сите наши готвачи се специјално обучени да подготвуваат македонска храна, а имаме специјално обучен технолог кој се грижи исклучиво за производство на пиво – објаснува Ристовски.

Чомлек, традиционален специјалитет кој првично се приготвувал во земјено тенџере покриено со пергамент, во верзијата со телешко е исто така на врвот на листата на јадења, а чини 90 куни.

– Во среда имаме и музика во живо, свири тамбурашкиот ансамбл „Друга страна“. Во петок и сабота доаѓаат македонски бендови кои пуштаат автохтона музика за автентична атмосфера, но често и нешто по желба на гостите – вели сопственикот на ресторанот.

Може да се ужива во баклава во комбинација со турско кафе и шолја позната мастика, традиционален македонски пијалок произведен со дестилација на вино.

Тајните на македонската кујна лежат во различните зачини, свежиот зеленчук и месото, особено телешкото и јагнешкото, кои ги има во изобилство во земјава позната по производство на вино, па затоа задолжителна е чаша со ручек или вечера.

Што се однесува до идните планови, Ристовски објаснува дека има голема желба да отвори и четврти ресторан некаде на море, во Далмација.

– Долго работев на југ, како што напоменав, и имав можност да ја запознаам културата и луѓето, па оттука и таа желба. Но, допрва ќе видиме каде ќе не однесе животот – заклучува сопственикот на Мерак за Вечерњи лист.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.