(ФОТО) Борко Ристовски ја покажа својата мајка, па и упати емотивни зборови

  • By admin
  • април 13, 2022
  • 0
  • 369 Views

Долги години беше незаменлив на голот на македонската ракометна селекција, но во последно време Борко Ристовски го нема во националниот тим.

По богатата интернационална кариера во едни од најдобрите светски клубови како Барселона, Рај Некар Ловен, Гумерзбах, Ал Ахли, Бенфика и многу други тој се врати дома и веќе две сезони е дел од Вардар.

Полека но сигурно со своите 39 години Борко е на залезот на својата кариера, па во последно време е и политички активен во ВМРО ДПМНЕ.

Како што е познато во февруари 2018 година, Борко Ристовски и неговата сега веќе сопруга Николина ставија потпис во матично и запливаа во брачните води.

Како круна на љубовта Борко и Нина го добија синчето Душан за кое голманот често знае да каже дека му е една од најголемите радости во животот.

– Не можам официјално да кажам дали завршив со репрезентацијата или не, има работи кои останаа недоискажани. Не сум расчистил ниту сам со себе.

Но јас можам да зборувам само за сбее. Дали ќе завршам времето ќе покаже. Верувам дека во блиска иднина и на среден рок ќе бидат кажани тие работи.

Јас сум човек кој кажува директно, но исто така сум човек кој созреа и бира моменти кога да ги каже тие работи. Сега можам само да кажам дека сум убеден и сигурен дека кога ќе дојде моменто, се ќе биде објаснето. Сега репрезентацијата и играчите имаат максимална поддршка од мене кажа во едно интервју неодаман и притоа додаде:

Јас не сум во политиката, туку во спортот кој е дел од политиката. Разговаравме за некои политички функции кои не ме привлекуваат бидејќи не се гледам во политиката.

Туку се гледам во дел од политичка партија, но во делот за спортот каде што можам да направам вистински и суштински промени и да помогнам.

Вчера Борко Ристовски сподели фотографија од својата мајка со која и честиташе роденден и притоа напиша:

„Мајко, биди ми жива и здрава. Среќен роденден“

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *