Карстен ја напуштил родната Германија и дојде во Македонија- бара работа овде

  • By klaster2
  • март 13, 2022
  • 0
  • 471 Views

Четириесетгодишниот Карстен Шеперс е Германец, кој пред четири години заминал од Германија и почнал да оди пеш низ европските земји.

Од пред неколку дена стигна во Битола. Бидејќи за време на неговото патување во Франција му ук рале 6800 евра, останал без пари, па затоа побара помош за сместување од Црвениот крст.

Тие го сместија во нивните капацитети, а тој реши да возврати и да даде кр в во акцијата која ја организираше битолскиот Црвен крст.

Карстен вели дека му се допаѓа тука и дури размислува да остане и да најде работа. Вели има добро образование и вештини. Од Германија избегал поради стре сот.

– Досега поминав 16 земји. Им реков на многу луѓе тука во Македонија дека ми се допаѓа оваа земја со сите нејзини проблеми и недостатоци.

– Многу се интересирам за геологија, мојата професија е дрводелец и шпедитер. Ако најдам работа и жена, ќе останам во Македонија.

– Навистина убава земја е и ми се допаѓа. Заминав од Германија поради работата која не се издржуваше, бев менаџер, па сакав да си направам еден продолжен одмор, вели Карстен Шеперс.

За 4 години пешки поминал 14.000 километри: Од Ресен до Битола се возев со автобус заради временските услови, имаше многу снег на планината меѓу Ресен и Битолa.

Не беше можно да се оди пешки. Пробав, но се вратив. Вкупно се возев со автобус, воз и автомобил само 330 километри, вели тој.

Вели дека не му недостига Германија: Јас имав многу разоча рувања во Германија. Мојот прв работодавец не сакаше да ми даде плата, вториот имаше толку многу пари, не знаеше што да прави со нив.

Бев менаџер за производство, морав да дискутирам со него за едноставни работи како што се шрафцигери, чекани два месеца за да ги добиеме.

И реков збогум, ова не е мое ниво на професионалност кое го барате и реков, збогум Германија. Можеби ќе се вратам, но има толку многу убави работи и места во Европа и светот. Светот е мојот дом, додава тој.

Тој себеси се нарекува аџија и вели дека досега посетил седум најпознати католички свети места во Европа, вели тој во интервјуто Сител Телевизија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.