Милка од Штип – oд угледна госпоѓа и професорка до живот на улица

  • By klaster2
  • март 13, 2022
  • 0
  • 454 Views

Тетка Мира од Штип некогаш била угледна госпоѓа и професорка до живот буквално на улица. Таа денес преживува и нема пари за да се прехрани.

Мира Атанасова имала турбулентен живот, денес таа е осамена без ниту еден роднина или пријател. Потекнува од добро ситуирано семејство, кое одлучува да има едно дете и да му овозможи се во животот.

Мира добро се образувала и станала академски граѓанин, таа добива работа како професор по македонски јазик. Но по заминување од овој свет на родителите таа поради долг е приморана да го продаде станот.

Поради тоа станот го заменува со гарсоњера, а тоа ќе и биде пресудна одлука животот да тргне надолу. Неискусна верува на погрешни луѓе и останува без пари и без стан.

Често нема што да јаде и нема пари ниту за лекови. Најмногу ја бо ли тоа што е осамена и нема поддршка од најблиските.

– Имав добро детство, бидејќи бев единица ми овозможија се. Се образував, предавав по македонски јазик а подоцна бев и како библиотекарка.

– Веќе во поодминати години откако ја изгубив мајка си, решив да го продадам станот и да земам гарсоњера бидејќи знаев дека нема да створам семејство, а со тоа и би го средила долгот.

– Но една жена која беше посредничка ме изигра. Ги зеде парите а јас останав и и без јадење и без стан и без пари, на улица, вели Мира пред камерите на ,,Срце на дланка”

– Потоа отидов кај едни познаници каде што престојував кај нив, но често бев матре тирана и на крај оставена на улица.

Тетка Мира цел живот го поминала во селење, од соба во соба од стан во стан, а денес често е принудена и да проси за да опстане.

Некогаш сум приморана да просам, иако земам пензија, таа ми оди во кредити и тие пари што остануваат на што попрво да ги дадам на храна или на лекови или пак сметки.

– Често сум останувала гладна, морам да излезам да просам, тешко е во овие години, немаш со кого да ја поделиш не среќата.

– Никогаш не помислував дека ќе дојдам до ова ниво, понапред бев углед, мајка ми од нејзе кратеше да има само за мене. Да имам своја гарсоњера би било доволно, вели оваа жена која поминала многу во животот.

– Тоалетот ми е во многу лоша состојба а јас не сум способна да го исчистам, готвев додека можев но сега почесто сум на сува храна.

Доколку сакате да помогнете на оваа храбра жена тоа може да го сторите на телефонскиот број 070/472054 или на жиро-сметката 210501556924545

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *