Драги од Чучер Сандево живее без бања: Соништата одамна згаснале, но барем да го исполнам аманетот

  • By klaster2
  • март 13, 2022
  • 0
  • 519 Views

Драги Лулевиќ од Чучер Сандево е лице кое има хемо филија, тој зема само инва лидска пензија и има тешки услови за живот.

А токму социјалниот момент го спречува да направи свој дом. Драги е 52-годишен човек. Свесен за својата состојба станал уште на пет годишна возраст.

 

Кога не можел да игра безгрижно детски игри. Цели 11 години наместо да учи и да ужива во детството тој тие денови ги минал по болници.

Тој во младоста бил сведок и на семејно на силство од страна на татко му кој пошол по лоши патишта. Куќата во која што живее е стара повеќе од 1 век.

Куќа без бања, без оџак и тоалет. Мајката на Драги е во сериозна фаза на деменција. Па освен за себе тој е принуден да се грижи и за мајка си. Да мие, да пере и да готви.

Средствата што ги добива од државата како што вели се доволни само за половина месец. Кога е многу ладно мора да го запалат шпоретот со дрва.

Но потоа со часови неможат убаво да дишат, ниту да се видат меѓусебе од густиот чад. Тоа ќе биде причина Драги и неговата пријателка да започнат да градат нова куќа, но попусто бидејќи куќата се гради блок по блок и е зависна од донации.

Новиот дом може во секој момент да и падне над глава и да останат таму: Немав детство, никогаш не фатив топка, не играв фудбал, кошарка, вели Драги за ,,Срце на Дланка”

– А и да фатив санка некогаш или топка да шутнам еднаш, тоа се завршуваше многу лошо по моето здравје и поминував три месеци во болница.

– Вината ја пронаѓам и во моите родители кој ја криеја бо леста, како да се срамуваа од мене, едноставно немаше никој разбирање за мене.

– Татко ми го изгубив на 24 години од тие години само 5 години дали сум го видел трезен, тоа е друга приказна, вели раз очаран Драги.

– Пари имавме само за основните потреби, но понекогаш ниту за тоа, не се бањаме, земаме само крпа и се пребришувавме.

– Кога е лето ќе го извадиме коритото надвор и ќе се измиеме, но сега во зимо ги допревме праговите на човековото достоинство.

Овој живот ќе го натера заедно со својот ангел-чувар како што ја нарекува својата пријателка Ѓурѓица да стават камен-темелник на нов дом.

– Размислував и на најлошото но вербата во Бога ми е одржа сето овие години. Пријателката Ѓурѓица која веќе не е повеќе ми помогна да започнеме со изградба на куќата која за жал се уште не е довршена и ми остана аманет од нејзе вели во солзи Драги.

– Јас повеќе соништа немам, единствено да ни е полесен животот на мене и мајка ми. Сега барем да можам достоинствено денот да го поминам.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство тоа може да го сотрите на телефонскито број 071/796247 или на жиро сметката 270700060882581

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *