Елмас се огласи со моќна порака и најави радост за Македонија

  • By admin
  • март 30, 2022
  • 0
  • 425 Views

Македонската фудбалска репрезентација живееше бајка и сонуваше пласман на Светското првенство во Катар, откако среде Палермо го победи европскиот првак Италија (0-1).

Сепак, момците на Милевски немаа сили за втор подвиг во неколку дена, па загубија од Португалија во Порто (2-0).

Со овие резултати, Македонија ќе забележи подем на ФИФА ранкингот. По триумфот над Италијанците, „рисовите“ од 67. скокнаа седум места погоре и беа 60.

Сепак, по поразот од Португалците и ремито на Гана со Нигерија, Македонија ќе падне на 61. место за мартовското рангирање.

Нашиот национален тим се очекува во секои моменти да се врати во Скопје по синоќешниот меч во Порто по кој реакциите не запираат.

Македонските фудбалери во најголем дел се огласија по пат на социјалните мрежи, а од напишаното може да се забележи дека поразот не оставил некоја трага.

Сите се горди на постигнатото и силно веруваат во иднината на националниот тим, а меѓу нив е и еден од најмладите Елиф Елмас.

Момчето кое потекнува од скопски Работнички веќе досега многупати докажал и покажал дека е горд Македонец. А тоа најдобро се виде кога одби да настапува за Турција.

Елмас не можеше да и помогне на Македонија за мечот со Италија во Палермо кој го добивме, но затоа вчера беше на Драгао.

Попладнево Елмас се огласи преку својот профил на Инстаграм каде што објави моќна порака до своите следачи во која се вели:

„Прекрасно искуство, млада селекција со големи срца. Тек допрва ќе се радува Македонија“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.