Долга ноќ за еден од синовите на Сашо Мијалков – во полициска станица мина над 7 часа

  • By admin
  • февруари 23, 2021
  • 0
  • 1771 Views

Се уште ниту трага ни глас од Сашо Мијалков, кој од неделата непосредно пред да биде донесено решение да биде ставен во куќен притвор стана недостапен за органите на прогонот.

Во потрагата се вклучува и Интерпол откако вчера попладне мвр објави меѓународна потерница. Засега, полициската станица во Кисела Вода е центарот на истрага за бегството на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Како што пренесува ТВ21 Повеќе од седум часа еден од синовите на Сашо Мијалков се наоѓал во полициската станица „Пролет“ во Кисела Вода, а прашањето на кое се чека одговор е едно: Каде се наоѓа неговиот татко?

Александар и Јордан Мијалкови денеска пристигнаа во полициската станица, откако Министерството за внатрешни работи им испрати порака дека треба да дојдат на информативен разговор во врска со бегството на неговиот татко.

Не само тие, туку и нивната мајка, чичко и лица кои го обезбедувале Сашо Мијалков со часови одговараа на прашата поставени од инспекторите во полициската станица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.