Протече прва информација од каде можеби избегал Мијалков – според сознанијата на Русковска

  • By admin
  • февруари 22, 2021
  • 0
  • 3620 Views

Од синоќа трае потрагата по екс шефот на тајната полиција на кој викендов му се губи секаква трага. МВР го бара во земјата, Интерпол ќе истражува дали ја напуштил границата.

Во тек се обемни истражни дејства – се повикуваат членови на семејството, припадници на обезбедување на Мијалков, негови познаници и лица коишто би можеле да откријат детали кои ќе помогнат за негово лоцирање и пронаоѓање.

Извори од истрагата посочуваат дека сослушувањата во полициската станица Пролет ќе продолжат и во текот на ноќта. Се пребаруваат возила, се одземаат лаптопи и телефони, но се вршат и дополнителни проверки на повеќе локации, откако полицијата вчера „дежураше“ пред неговиот дом, како и пред хотелот „Мериот“ во Скопје.

Се бара каква и да е трага којашто ќе ја одведе полицијата до Мијалков. Има индиции дека тој се’ уште би можел да биде во земјата, но не се отфрла можноста и да ја преминал границата. Токму затоа МВР попладнево националната потерница ја смени со меѓународна, па сега и Интерпол ќе трага по него.

Обвинителката Вилма Русковска вечерва во интервју за А1он откри од каде можеби побегнал Сашо Мијалков

-Моите информации беа дека ќе ја помине границата, дека ќе избега на зелениот појас од Куманово. Дали е точно, дали не, тоа уште не е проверено. Дали е точно јас не знам. Тој сигурно не би дозволил него да го снимат камери. Тој беше со години директор на УБК. Ќе легне на задното седиште и нема да го снимат“, кажа Вилма за А1 он.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *