ВИДЕО: Не се избори, но на цел глас се скандираше Митко Јанчев

  • By klaster2
  • мај 22, 2022
  • 0
  • 91 Views

Денеска се одиграа бараж дуелите во македонската фудбалска лига. Во првиот бараж дуел се сретнаа екипите на ФК Скопје и Беласица.

Во вториот бараж дуел си лите ги одмерија екипте на Тиквеш и Воска Спорт, натпревар кој се играше во Струмица додека ФК Скопје- Беласица игра во Штип.

Екипата на Тиквеш одигра доминантен меч кога беше најпотребно и со убедлива победа против Воска Спорт (4-1) го одбрани прволигашкиот статус

Па така и во следната сезона останува во елитата, додека охриѓани ќе играат во обединетата Втора лига, секако со исти цели за повторен влез.

Од друга страна пак екипата на Скопје не мрда од Првата македонска фудбалска лига, затоа што во бараж-дуелот со Беласица во Штип извојува тесна победа од 2-1 и така и следната сезона ќе се натпреварува во македонската фудбалска елита.

Тиквеш уште од стартот на натпреварот наметна темпо на игра. Костов ја имаше поставено екипата офа нзивно и се правеше прит исок пред голот на Воска, па следеше радост и два гола во шест минути.

Кавадарчани поведоа со пого докот на Едиз Спахиу во 12. минута кој шутираше по земја, додека во 18. минута следеше уште еден гол за радост на „Лозарите“, овој пат преку Иван Ивановски.

Воска Спорт почна да игра со топката веднаш откако прими два гола. На полувреме, Раде Цицмиловиќ и подели совети на екипата и охриѓани одговорија на добар начин.

Се играше финишот на првото полувреме, кога најдобриот играч сезонава, Изаир Емини реагира добро и намали на 2-1 и така го врати второлигашот во игра во баражот во одличен момент.

Сепак, гостинот не успеа да направи премногу, Тиквеш даде нови два гола. Прво, во 67. минута Благоја Љамчевски постигна атрактивен гол од слободен.

Топката заврши директно во аголот на голманот Трајковски. Потоа, се играше 74. минута кога Спахиу ја запечати победата со нов гол сличен на претходниот.

И потоа секако неизбежна беше прославата и атмосферата, среќата беше неопислива, а во соблекувалната се скандираше името на градоначалникот Митко Јанчев, јасно посочувајќи дека тој човек е заслужен за овој успех на екипата од Кавадарци.

Видеото од скандирањето може да го погледнете во продолжение:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *