(ВИДЕО) Максим Димитриевски се качи на подиум и пушташе музик во кумановска дискотека

  • By admin
  • јуни 16, 2022
  • 0
  • 360 Views

Првиот човек на Општина Куманово, Максим Димитриевски често знае да привлече внимание во јавноста поради своите потези и ставови.

Успеа да добие втор мандат како градоначалник на Куманово, овојпат како независен кандидат што на некој начин е потврда дека граѓаните го сакаат.

Политичката кариера ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија. Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година.

Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност. На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово, функција на која што е и понатаму.

Максим уште една покажа за каков човек пред се станува збор откако за матурантите организираше забава во познатата кумановска дискотека Спејс.

Но тоа не е се, откако во еден момент Максим Димитриевски реши да се качи на подиумот до диџејот на кого за момент му ја зеде работата, односно тој пушташе музика.

Матуранти, Ви посакувам среќна матура на сите! Нека ве прати успех и среќа низ сите предизвици кои ги носи животот. Бидете смели и следете ги своите соништа!

Во тек е “Матурски Хепенинг” во организација на Фондација за култура и спорт при Општина Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

За тоа каква беше атмосферата сведочи и видеото што го објави Димитриевски на својот профил на фејсбук

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *