(ФОТО) Јелена Карлеуша пристигна во Македонија: Покажа со каков приватен луксузен авион леташе

  • By klaster3
  • јуни 16, 2022
  • 0
  • 311 Views

Без сомнение Јелена Карлеуша важи за една од најголемите ѕвезди на Балканот а голема популарност ужива и во Македонија каде често знае да биде гостин.

Како и пред пандемијата, така и сега,во Македонија „надојдоа“ ѕвездите од српската естрада кои ги наполнија дискотеките, рестораните, плоштадите.

Пред некој ден во Македонија главна вест беше најавата на градоначалникот на Кавадарци за Карлеуша како главна ѕвезда на манифестацијата Тиквешки гроздобер.

– Оваа година најскапиот артист ни е Јелена Карлеуша со 35.000 евра, тоа е сумата којашто е договорена и си бараат веднаш договор, 30% аванс и сигурен настап на датумот, изјави градоначалникот Митко Јанчев.

Но, по бројните коментари кои не наидоа на одобрување за изборот на Карлеуша, се огласи Митко Јанчев повторно и кажа:

– По пауза од две години, сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.

По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша која е предвидена за настап на 11 ти септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер.

Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги кавадарчани. Па затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум“, беше дел од изјавата на Јанчев.

Меѓутоа, покрај овој откажан настап, Карлеуша нема зошто многу да се грижи затоа што наголемо и се закажани други сигурни настапи во земјава.

Само викендов ќе настапува во два града во Македонија – вечерва во ресторан Голд Фелициа во Битола, а утревечер во клубот Индустриал во Струмица.

Карлеуша веќе слета во Македонија со нејзиниот приватен авион заедно со менаџер, продуцент и ПР Зоран Бирташевиќ. Од споделените фотографии на Инстаграм профилот може да се забележи дека ужива во лукзус.

Ретко кој од јавните лица од музичката индустрија може да си дозволи приватен авион, но дефинитивно Карлеуша е една од нив со што го оправдува епитетот балканска кралица.

Македонската публика викендов со сигурност ја очекува незаборавна забава. Останува да видиме каков аутфит и музичка програма им спремила на Македонците овојпат.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *