Велислав од Велес има тежок живот. Некогаш бил вработен и човек со реноме, но сега е социјален случај и живее под кирија, но од таму може во секој момент да биде исфрлен на улица.
Животот уште од млади години не го милувал Велислав Јованов, заминал од дома само да не биде терет на семејството, одлучил да се ожени.
Но тој брак нема да трае долго, од тој брак има две деца кој не сакаат да го погледнат. Цел живот се радува на туѓите деца наместо на своите.
Денес во седмата деценија од животот живее во многу тешки услови. Често бил бркан од собата каде што живее а и на минус 24 степени престојувал надвор.
Дом неможел да си обезбеди бидејќи зема само 4.000 денари социјална помош. Нема огрев а често се дружи и со солзите кој навечер го посетуваат.
Во младоста вели помагал на многумина а сега е заборавен од сите. Се омажил со Елизабета, но таа го напушта и заминува во Германија со децата.
Таа далечина ги оддалечило децата од него, а тие немаат ни желба да дојдат и да го попрашаат како е а камоли да му помогнат.
– Бев домазет, рано ги изгубив моите родители, но тој брак не одеше како очекуваното. Јас бев господин човек што се вели не потклекнував никаде имав достоинство но изгубив се.
– Никогаш не сум барал милостина, туку сум давал и последниот денар сум го давал. Вака живеам веќе 20 години, но не ми е сигурна оваа соба.
– Овде чував една стара жена и синовите ме оставија овде да живеам. Но често ме бркаат тие, се случи еднаш на -24 степени да бидам надвор и да не беше еден човек да ми помогне ќе заминев од овој свет одамна.
– Се зависи како се расположени и често ме бркаат и затоа немам сигурен покрив над глава, вели Велислав пред камерите на ,,Срце на Дланка”
– Земам од мензата ми даваат за јадење пола леб и еден јогурт за два дена. Земам во петок и тоа треба да ми биде за до понделник.
– И да работам здравјето ме напушта, некој ќе ме повикне да работам но толку можам. Мене ниту на доктор не ми се оди.
– Ќе ми препише некој лекови кој јас не можам да си ги дозволам. Веќе не ми е гајле дали ќе сум жив и ли не, вели решително Велислав.
– Греалка имам но ја вклучувам одвреме навреме, бидејќи струјата е скапа па така се замотувам во многу ќебиња и лежам.
– Сам се перам и чистам, не е лесно но никогаш не сум оставил да сум валкан и да не одржувам хигиена. Најтешко е кога нешто замислам а не можам да го остварам.
Од голема помош за овој човек би било да му се најде соодветен простор за да го мине остатокот од животот, некаде каде не би одвојвувал од и онака малата социјална помош. Тогаш тој би бил пресреќен.
Доколку сакате да му помогнете на овој човек на каков било начин тоа може да го сторите на жиро сметката 210500002611677 ил на телефонскиот број 075 873 555