Шефкет и неговото семејство го имаат најголемото стадо со овци на Балканот: Произведуваат околу 2 тона сирење и не планираат овде да застанат

  • By klaster2
  • март 6, 2022
  • 0
  • 531 Views

Месноста Пештера е позната по су ровата природа, студените зими во кои температурите често достигаат и до – 20 степени целзиусови.

И покрај тоа, семејството Куртагиќ не размислува за поинаков начин на живот. Во текот на една година произведуваат над 2 тони овчо сирење, кое одлично се продава. И не планираат да застанат тука. Тие би сакале да го прошират своето стадо до 2.000 грла.

Шефкет имаат девет деца, осум сина и една ќерка. Четворицата останале на семејната фарма и успешно се занимаваат со овчарство. Овде формирале и семејства, па десет деца си играат во нивниот двор додека најголемото стадо на Балканот пасе по ливадите.

„Во овој период од годината имаме над илјада грла, никогаш не успеавме да ги изброиме сите, кога дојде лето и започнува јагнењето бројот надминува и над 2.000 грла.

,,Тешко е да се чуваат толку многу во едно место, па затоа се дистрибуирано на повеќе места.Зимно време овде не е нималку наивно, затоа треба да обезбедиме добри услови и храна.

Среќа што не купуваме сено.Ги имаме сите потребни машини,а не плаќаме работна рака затоа што сме големо семејство, се што купуваме се житарки“, изјави за РИНА, Шефкет Куртагиќ.

Вредните сточари не се покајале за намерата да направат голема фарма и на тој начин да го прехранат своето семејство.

Нивното стадо првично броело околу 150 овци, а од година во година се ширеле и достигнале оваа неверојатна бројка. месноста Пештера е непристапен терен, па многу се труделе, но на крајот со голем труд и пред се хармонија успеале во тоа.

„ Изградивме голема бачило во која може да се смести една третина од овците и работиме на тоа дополнително да го прошириме. Водата ни беше голем проблем, но успеавме да ја донесеме во нашите домаќинства.

,, Пристапниот пат до нашата куќа е многу лош, а тоа е нашата следна цел. Ќе се обидеме да изградиме нов и подобар и се надеваме дека локалната самоуправа ќе ги слушне нашите потреби“, рече Саладин.

Кучињата се наши големи пријатели, без нив сме како без очи, треба да го спасиме стадото од диви животни кои секојдневно шетаат овде, вели Шефкет за ,,Екслузив”

Имаме возрасни кангали кои се бо реле неколку пати, со волци и мечки.Отсекогаш излегувале како победници, вели Саладин.

Производите добиени од овие овци надалеку се барани а најбарани се чистото сирење, млекото и кајмакот. Ова се најсилните адути на овие сточари кои вредно работат.

За овие производи се задолжени нивните сопруги кои исто така не бегаат од напорна работа на имотот. Во бурињата се сместени околу 55 килограми чисто полномасно овчо сирење.

Начинот на подготовка е малку специфичен бидејќи прво се суши, потоа се цеди и се сечат на парчиња и овој квалитетен продукт се продава однапред и немаме проблем со пласман, вели Екрем, еден од браќата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *