Пред неколку дена културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола од бугарскиот државен врв побара да им се издава побара бугарско државјанство по скратена постапка на оние граѓани што со фотокопија од пополнетиот формулар на пописот ќе докажат дека се регистрирале како македонски Бугарин.
Но сепак од тоа нема да има веројатно ништо, а причините се јасни.
Бугарите во Македонија на претстојниот попис можат слободно да ја изразат својата бугарска етничка припадност и во тоа нема никој да ги спречи, но нема да добијат фотокопија од пописната листа, затоа што тоа е законски забрането, велат од Државниот завод за статистика за „Слободен печат“.
– Според Законот за попис и Методологијата за спроведување на Пописот 2021 година, секое лице има право по сопствена волја да се изјасни на која етничка зедница припаѓа. Изјаснувањето за етничка припадност е лично чувство и секој има право да се изјасни по сопствена волја – велат од Статистика.