Љупчо Николовски си ја отвори душата: Коцката ми го уништи животот, губиш пари, но и најважното – семејството

  • By admin
  • февруари 24, 2021
  • 0
  • 1483 Views

Љупчо Николовски Фуфо, eден од најозборуваните ликови во поновата македонска бизнис и политичка историја во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 си ја отвори душата и раскажа за своето минато поврзано со лихварстото и коцката.

Скопскиот легендарен угостител Љупчо Николовски-Фуфо отворено зборуваше за својот живот и проблемите.

„Физичка тортура за среќа не сум имал, психолошка сум имал максимална. Телефонски повици, ѕвонење на врата, среќавање во објекти. Тоа е единствено орудие на лихварите“, посочи Николовски.

Тој вели дека тие се закануваат со се, односно со сопруга, деца, татко, мајка.

„Они ако ти дале пари на рака, јас ни од далеку не сакам да ми се амнестирам себеси, јас сум крив што сум влегол во ситуација да тропнам на врата и да побарам пари од некого“, додава Николовски.

На прашање за тоа колкави се каматите кои лихварите ги наплаќаат за своите услуги, Николовски вели дека се 10 отсто дневно, односно доколку денеска земете 10 илјади евра, утре ќе треба да вратите 11 илјади евра, но доколку закасниш за месец дена ќе станат 30 илјади евра.

„Нема коцкар што може веднаш да плати. Да, во почетокот сум бил во ситуација веднаш да платам, но како сум паѓал се потешко сум враќал. Тогаш почнува тортурата која ретко кој може да ја издржи. Во коцката губиш пари свои, туѓи пари, па губиш образ, доверба, а на крај го губиш најважното – семејството“, додава Николовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *