Ќе се дели бесплатен зејтин на граѓаните, а воедно ќе се ограничи и цената на лебот – гласи планот на Владата на Црна Гора

  • By admin
  • јули 22, 2021
  • 0
  • 3236 Views

Здравствените власти на Црна Гора ќе предложат поостри мерки откако вчера беа регистрирани 65 нови случаи на коронавирус, најмногу за еден ден во последните два месеци.

Во средината на април, Црна Гора започна со укинување на епидемиолошките мерки кои беа целосно либерализирани на почетокот на летната туристичка сезона.

Поради падот на бројот на пациенти, Црна Гора скоро целосно ги укина сите епидемиолошки мерки, освен што за концерти, ноќни клубови и други масовни собири треба да се поседува потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест.

Бидејќи повеќето од новозаразените случаи се во туристички дестинации, здравствените власти им се заканија на сопствениците на кафулиња и ресторани дека кршењето на епидемиолошките мерки ќе биде строго ка знето со парични ка зни и затворање на установите за три дена.

Црногорската Влада планира да ги ограничи цените на лебот, да дистрибуира масло за јадење за околу 25.000 домаќинства и да обезбеди социјални ваучери за помош на најсиромашните.

Владата, на предлог на Министерството за економски развој (МЕД), денеска треба да ги ограничи максималните малопродажни цени на лебот од бела пченица.

Максималната малопродажна цена на лебот од бела пченица, тежок од 500 до 600 грама, според владиниот предлог, ќе биде 50 центи. За леб од 300 грама до 400 грама, максималната цена ќе биде 40 центи.

Според најавите, 70.000 литри масло ќе им бидат дистрибуирани на 25.000 домаќинства.

Минатата година во црногорските продавници дојде до зголемување на цените на лебот, брашното, маслото, шеќерот, месото, јајцата, млекото, а аналитичарите проценуваат дека тоа е последица на растот на светската побарувачка, како и намалувањето на производството на сончоглед, житарици и соја, предизвикани од појавата на пандемијата прорив коронавирусот.

„Освен програмата за социјални ваучери, која претходно ја објави Министерството за финансии и социјална заштита, ова е уште една социјална мерка што решивме соодветно да ја спроведеме со цел да ја одржиме стабилноста на потрошувачите“, соопшти министерството, најавувајќи ги мерките за „смирување“ на пазарот.

Социјалниот ваучер е наменет за граѓани во состојба на социјална потреба, кои ќе можат да купат стока во вредност од 30, 50 и 100 евра во маркети што ќе бидат избрани на јавен повик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.