Апасиев: Утре вие ќе бидете опозиција, а ние власт

  • By admin
  • јули 22, 2021
  • 0
  • 6070 Views

Или извод од матична книга на родени, или свидетелство, доказ за платен данок или пак платени комунални сметки. Доколку обезбедите барем еден од овие документи можете да бидете државјанин на Македонија.

Може да се приложи и само платен данок на приход од некој имот или данок од авторски права во земјава. Предлог законот кој веќе денес е пред пратениците се носи по скратена постапка и доби европско знаменце.

Точно се наброени сите документ кои се потребни, ама треба да се приложи само еден и да биде доволен за државјанството на Република Северна Македонија.

Предлагачот на законот наведува дека со него треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во си ла.

Доказите може да се достават во оригинал или копија и да бидат заверени на нотар. Се предвидува започнатите постапки за државјанство кои до стапување на овој закон не се завршени да се решат по новиот закон.

Предлог-законот еднаш ставен во собраниска процедура го блокираше Левица, но мнозинството реши и на овој закон да му стави европско знаме и да го носи во скратена постапка.

На оваа тема се огласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев кој на својот профил на фејсбук напиша:

-Амандманите на пратениците на Левица на Законот за лична карта „ИСЧЕЗНАЛЕ“ при преносот од собраниската архива до кабинетот на Џафери!?

Дечки, се врти колцето бе. Утре вие ќе бидете опозиција, а ние власт. Ондак, ќе ви поставиме канти у ходник и сами ќе си ги фрлате. Ич да не се мачиме.

p.s. Фараоне Талат Џафер ќе кркнеш још једна кри вична за узурпација на уставното право на пратеник да предлага амандмани! Гадно си се зае бал ако мислиш со нас вака да се заебаваш.

p.p.s. Кр ивични ќе има од најнискиот службеник-архивар, преку раководители на сектори, претседател на комисија, па надаље

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *