Љупчо до сите квази патриоти: Ако Крсте Петков Мисирков е татко на македонската нација и јазик…

  • By admin
  • март 9, 2021
  • 0
  • 2600 Views

Одговор на Академик Катица Ќулавкова како можност за разобличување на сите еднонасочни квази патриоти!

Го прочитав коментарот на академик Ќулавкова и видов што и пречи.Но ајде да видиме што не и пречи?

На академик Ќулавкова воопшто не и пречеше антиквизацијата и ако заборавила дека имаше академици кои правеа спој меѓу некаков антички македонски јазик, преку старомакедонски до современ македонски јас не сум заборавил.Вакво духовно и научно деградирање на македонскиот народ и правење карикатура од самиот себе уште го плакаме и политички и со интелектуални лекци што ни ги држат.

На академик Ќулавкова не и пречи што на повеке српски портали Блаже Коневски е предствен како Србин од Македонија.И на ниеде блажевист тоа не му пречи.

На академик Ќулавкова не и пречи што вториот наголем култ за македонскиот јазик академик Божидар Видојевски до 1944 година беше организатор на четничкото движење за Македонија и директен оплномошник на Дража Михаилович.

На академик Ќулавкова воопшто не и пречи што академик Трајко Стаматовски 1988 во Лик предложи дека е време Македонскиот јазик да се вика србско македонски и да да прогласиме полна билингвалност.

Овие тројца култа на македонскиот јазик беа извршители на убиството на илјадници македонски зборови само затоа што ги подсекаа на бугарските.Резултат на тој геноцид на македонскиот јазик е фактот што денес македонскиот јазик е со најмал број на лингвистички единици во целата индоевропска група на јазици.И од друга страна на отворен србизирање на се што трпи во нашиот јазик.

А сега и едно прашање?

Ако Крсте Петков Мисирков е татко на македонската нација и јазик што е општ прифатен консензус.Тогаш што ни се сите преродбеници пред него Миладинови,Шапкарев,Прличев,Зографски,Крчовски,Пејчинович,Жинзифов…..И можеби и нема потреба од од оговор бидејки тие самите напишале во насловите на своите книги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.