Падна одлука: Полицискиот час се врати во Македонија

  • By admin
  • март 9, 2021
  • 0
  • 1621 Views

Денес владата донесе одлука да се воведе полициски час. Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаболени и хоспитализирани лица од Ковид -19.

Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да важи од 22 часот навечер до 05 часот наутро во период од две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Мислење на Комисијата е дека оваа рестриктивна мерка ќе даде резултати.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека анализите на Комисијата покажале дека поради непочитување на мерките се очекуваат нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *