Ѓургица од Чашка: Често немаме пари, а се бањаме кај сосетката, кровот пропушта и секој момент може да падне

  • By klaster2
  • декември 19, 2021
  • 0
  • 500 Views

Ѓургица и Трајче од Чашка (Велешко) од мали се сираци, се бо реле за подобар живот, но тој кон нив бил немилосрден, сега имаат четири деца но сиромаштијата е нивна секојдневност, а својата приказна ја раскажуваат пред камерите на ,,Срце на дланка”

Како мала Ѓурѓа останала сирак, препуштена на милост и немилост, често била омало важувана, и уште од рани години се соочила со суро воста на животот.

– Останав сирак на млади година бидејќи во не згода ги изгубив родителите, мене ме исчува дом- семејство, а сега роднините не ме сакаат, бидејќи сакат да ми ја земат куќата.

Нејзниот вујко кој не сакал таа да добие дел од куќата, ја протерал надвор, а таа спиела на железничка за да потоа ја зеде поранешниот наставник и ја згрижи кај него дома.

– Вујко ми ме бркаше од дома, ми велеше да излезам и да се мажам а домазет не сакаа, наставникот ме исчува, но за жал замина тој на другиот свет.

– Во 2016 година таа одлучува да се мажи со избраникот Трајче со кој ќе добијат четири деца, но и покрај слогата и разбирањето, сиромаштијата ќе биде силно присутна.

– Вујко ми ја продаде бараката каде што бевме а јас не добив ништо, дури и ми бараше пари да му давам. Се омажив дојдовме овде и баба му на мојот сопруг штедела некој денар па направивме некое собче, но по нејзиното заминување сме во голема сиромаштија.

– Топла вода немаме, грееме на дрва но сето тоа кога ќе има дрва, многу ни помогнаа едни комшии, и донираа нешто, додава Ѓурѓа.

– На децата кога имам давам за ужинка, можеби две- три дена во неделата, а другите денови така. Од пензијата на бабата преживувавме.

– Социјална помош земаме од осум илјади денари, од тие купувам брашно и месам леб. Немам бања ниту бојлер, се бањаме кај комшивката.

– Често немаме пари, комшивката ми помагаше, ме сожалуваат, деца како деца си бараат. Тешко ми е кога немам да и зготвам на децата.

– Мене ми е чест што имам соседи како Трајче и Ѓурѓа, но на нив им треба помош, куќата им е многу стара, сопругот и е магистар по географија но не е вработен, вели сосетката Орхидеја.

Ѓурѓица има пак после дици од незгодата во која ги изгубила родители и е неспособна за работа. А Трајче можеби единствениот магистер по географија во околијата но за него нема работа.

– Кровот пропушта, кога би имале една бања многу би ни олеснало, а и кровот може да падне во секој момент, вели оваа храбра мајка.

Доколку сакате да и помогнете на Ѓурѓица и на нејзиното семејство, тоа можете да го направите на телефонскиот број 075/524677 или на следната трансакциска сметка 300277101678046

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.