Од утре ќе започне вакцинирањето на граѓани помлади од 75 години, ова денеска го најави министерот Венко Филипче.
Досега близу 30 илјади граѓани се вакцинирани во земјата, а денеска во салата Борис Трајковски завршува вакацинирањето на граѓаните во критичната инфраструктура. Според најавите на Филипче на 19 и 26 Април се очекуваат 20.000 дози вакцини од Фајзер, се разговара и со Кинескиот амбасадор за испораката на кинеската вакцина, а овој месец се очекува и нарачката од спутник.
76 илјади дози на Астра Зенека се очекуваат до крајот на месецот, а во првата недела на мај пак треба да стигнат вкацини преку солидарниот фонд на ЕУ. Филипче, освен во Скопје најави масовна вакцинација и во неколку градови низ државата.
Приоритет за вакцинација бараат и лицата со попреченост, а со апел до министерството денеска се јави и народниот правобранител кој бара промена на планот за ванцинација. Министерот за здравство сепак вели дека имунизацијата на граѓаните ќе си продолжи според предвиденото.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев денес објави прку својата фејсбук страна пост во кој што вели:
-Општина Кавадарци во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци а во согласност со Министерството за здравство и изјавата на министерот Венко Филипче се вклучуваат со целосна техничка и логистичка поддршка во масовното вакцинирање или имунизација.
Ја отстапуваме СЦ Јасмин како пункт за масовна вакцинација во нашата општина но и овој регион. Стоиме на располагање со сите наши ресусрси во делот на техничката поддршка и човековите ресурси.
Сите вложени напори во изминатиот период но и во периодот што доаѓа се клучни за побргу надминување на оваа пандемија и пред се за подобро здравје за сите нас.