Венко Филипче не спие: Се огласи точно на полноќ за едниот милион евра

  • By admin
  • април 14, 2021
  • 0
  • 5172 Views

Првиот човек на македонското здравство, Министерот Венко Филипче очигледно не спие иако е доцна, па некоја минута пред полноќ се огласи преку фејсбук каде што порача:

Опозицијата и медиумите блиски до нив, преку лаги и кле вети продолжуваат да го подриваат здравствениот систем.

Во услови на пандемија, како Министерство за здравство правиме се што е во наша моќ да обезбедиме потребни вакцини, лекови, опрема или респиратори, а ВМРО-ДПМНЕ единствено што прави е креирање лажни афе ри.

Целосно ги демантирам наводите за исплатени милион евра за респиратори од Бразил. Ниту се исплатиле пари за посочената набавка која се споменува во објавите на медиумите блиски до опозицијата, ниту било што од напишаното во текстот е точно.

Министерството за здравство никогаш нема потпишано договор за набавка на респиратори од Бразил ниту воопшто има донесено одлука за таква набавка.

Вакви рециклирани лажни аф ери за кои порптаролот на ВМРО-ДПМНЕ држеше прес конференција уште пред една година не поминуваат во јавноста. Граѓаните се заморени од измислувањата на опозицијата која освен тоа ништо друго конструктивно нема направено за време на пандемијата.

ВМРО-ДПМНЕ лаж еше за набавка на вакцини, за опрема, за број на тестови, а сега и за респиратори – лажна афера стара цела година.

Барам од Инфомакс, Курир, Нетпрес и сите кои ја шират лагата на ВМРО-ДПМНЕ итно да ги повлечат текстовите со кои ја лажат јавноста дека некој зл оупотребил народни пари. Во спротивно, ќе ги употребам сите правни механизми да одговараат за ваквите клев ети.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *