(ФОТО) Хелена Роза: Желбата ми се исполни, Елон Маск те обожавам

  • By klaster3
  • август 13, 2022
  • 0
  • 331 Views

Веќе неколку години, поранешната водителка Хелена Роза заедно со семејството живее и работи во Нов Зеланд, но често е активна на социјалните мрежи од каде дознаваме за нејзините активности далеку од родната земја.

Водителката се пресели со ќерката Кјара и сопругот Игор со кого го имаат и синот Тијан. Игор е поранешен фудбалер, но сега и двајцата работат други професии.

– На почетокот на нашата врска, сите мислеа дека Игор е некој богат фраер, син на градоначалник во Дојран, неговиот роден град. Многу се смеевме на тие трачеви, зошто тој беше голман, а јас кога го запознав работеше како келнер, вели Хелена.

Хелена е 11 години постара од Игор, но годините воопшто не биле пречка за развојот на нивната врска. Во едно интервју Хелена спомна дека на почетокот сите мислеле дека нема да успеат, но тие го докажаа спротивното.

– Скопје го оставив и го најдов непроменето. Знаете кога живеете надвор од Македонија, се чудите како воопшто сте функционирале овде. Во Нов Зеланд немам никаков стр ес, луѓето се насмеани, пријателски расположени и љубезни, вели Хелена.

Таа повеќе од 20 години беше дел од македонскиот шоу биз, оставајки зад неа безброј Тв проекти, фотосесии и рекламни кампањи. Вели дека да бидеш јавна личност во Македонија е тешко, односно повеќе губиш него што добиваш.

-Кога со моето работно СВ, барав работа во Окленд, сите ме гледаа зачудено, како во стилот што бараш ти тука. Не можеа да разберат зашто сум ја оставила родната земја, но ете јас и сопругот Игор така решивме и не се каеме.

– Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно.

Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, вели Хелена и додава дека од дома и фалат само блиските луѓе и ништо повеќe, вели Хелена за животот во Нов Зеланд.

Очигледно поранешната водителка убаво си заработува таму затоа што желбата која си ја замислила пред неколку години успеала да си ја оствари.

Имено, Хелена пред 7 години објавила статус на фејсбук во кој стои: „Елон Маск те обожавам. Тесла еден ден ќе те возам. Останав без зборови…едноставно прекрасно чу до“, а денес Роза веќе вози Тесла па напиша: Желбата ми се исполни 2021.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.