(ФОТО) Тони Михајловски се спои со Аца Лукас, видно насмеани познато што „крчкаа“

  • By admin
  • јуни 19, 2021
  • 0
  • 7391 Views

Човек со низа професии, тоа е Тони Михајловски кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а во последно време и мошне активен во политиката.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Во 2010 тој станал добитник на наградата за најдобар глумец на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот.

Како и за многумина познати личности, така јавноста и публикаа сака да дознае нешто плус за приватниот живот на популарниот Шанац, а тој нема проблем за тоа да говори.

Како велат, крушата под круша паѓа, па така и синот на Тони, Александар е успешен глумец, а тој веќе е возрасен човек и фамилијарен од пред неколку години.

После подолга пауза на екраните се врати добро познатото ток шоу ,,Опуштено” со Тони Михајловски. Кај него гостуваат многу познати личности, од различни сфери на животот.

Освен со ангажманите во Македонија, популарниот Шанец има доста активности и снимања во соседна Србија.

Тони вчера на профилите на социјалните мрежи, Инстаграм и фејсбук објави фотка со Александар Вуксановиќ познат под псевдонимот Аца Лукас кој е од најпознатите српски пејач на поп фолк музика.

Михајловски и Лукас беа видно насмеани, а под објавата добија бројни реакции, допаѓања и коментари.

Причината за нивната средба е снимањето на серијата „Авијонџии“ каде што нашиот Тони глуми, а Аца беше специјален гостин.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.