Романците ги објавија бројките и останаа во неверување од македонските навивачи

  • By admin
  • јуни 19, 2021
  • 0
  • 17756 Views

Македонската нација се уште е во фудбалска еуфорија поради настапот на нашата репрезентација на ЕП 2020 година.

По настапите во Букурешт, сега ни следи дуел во Амстердам против Холандија. Поради ограничувањата, навивачи од македонија ќе нема како што тоа беше во Романија.

Но тоа не значи дека нашата селекција нема да има поддршка, со оглед на тоа што македонците од дијаспората веќе се организираат за да и дадат поддршка на Македонија.

Денес од Романија пристигна вест која вели дека помеѓу 70.000 и 75.000 литри пиво за четири ипол дена се испиени од страна на нашите навивачи кои изминативе неколку дена беа во Букурешт во мисијата Македонија на ЕП, прнесува Спортмедиа.

Сонот од нашето детство се случи во престолнината на Романија каде околу 3.500 до 4.000 Македонци заминаа да ја бодрат фудбалската репрезентација. Медиумите во Романија ја споменаа цифрата во текот на вчерашниот ден откако завршија настапите на нашиот национален тим во Букурешт.

„Фалангата“ беше пример за сите навивачи во светот! Мирни, распеани и мераклиски настроени кон пијалоците, а посебно кон пивото.

Во превод тоа значи дека за околу 96 часа, Македонците во само пет локали во стариот град испиле околу 3 цистерни на пивио (25.000 литри собира една цистерна).

Вашите навивачи се најдобри што ги паметиме Во стариот град на Букурешт има три локали со едно име „Ексклузив“. Во сите три беше базата на нашите навивачи. Од раните часови до утринските зори се пееше, пиеше, играше… И конобарите беа со боите на Македонија, облечени во дресови и шалови…

“Сме виделе секакви навивачи. Од Германци, Англичани, Шпанци…еве и Украинци и Австријци, кои исто така се тука. Но, ова го немаме видено! Толку добри, толку весели навивачи Букурешт не памети.

Да ти е мерак да работиш и да ги служиш. Претежно пијат пиво, многу пиво. Само во една смена ние трошиме по 200 буриња наливно пиво (секое по 20 литри).

Тоа е рекорд. Не паметиме вакво нешто. Вообичаено колку за една смена во нормални денови посетителите пијат таква количина за три од чети дена. Многу, многу… Секоја чест! Најдобри се“, откри само за СПОРТМЕДИА, Арсимета, шефицата на смена Арсимета од локалот Ексклузив каде главни беа групите на Стојанче Стоилов, Горан Попов, Томе Пачовски и неговите битолчани.

Арсимета ни откри дека имало и маси со сметка од околу 4-5.000 евра!

Многу литри, многу евра (450.000) – Букурешт за историја! Бројката од околу 75.000 литри пиво, испиена од нашите навивачи во Букурешт навистина е добра цифра. Во неколку локали и само од „Фалангата“. Зборуваме само за пиво, иако таму се јадеше и се пиеја и други пијалоци.

Но само за пивото! Ако се испиени три цистерни! Една кригла од 0,5 литри се продаваше за околу 15 леи (три евра). Тоа е бројка од околу 450.000 евра. Навистина голема цифра ако збориме само за пиво и за пет локали во стариот град.

Се на се околу 4.000 наши навивачи беа во Букурешт. Една груба пресметка: со хотели, пиење, јадење и влезници, Македонците оставиле околу 1.200.000 евра (сигурно и многу повеќе) без патни трошоци. Во просек по 300 евра по човек.

Секоја чест момци Македонци. Сликите од Букурешт, историскиот настап на нашата национална селекција и сплотеноста на нашите навивачи вредат повеќе од сите тие бројки и пари кои се споменуваат. Ова се случи сега, пред неколку дена и бог знае кога повторно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *