(ФОТО) Спенџарска отиде во Милано и веднаш привлече внимание – од сите страни ја фоткаа

  • By klaster3
  • април 23, 2022
  • 0
  • 428 Views

Популарната и познатата ТВ водителка на утрински програми, Јелена Спенџарска е обожувана од ранобудците, кои велат дека со својата харизма и позитивен дух, им ги разубавува понекогаш тму рните утра.

Повеќе од една деценија во медиумскиот простор. Многу часови поминати пред камера и богато искуство на медиумско поле. Јелена Спенџарска е една од најуникатните и најпрепознатливите македонски тв водителки.

Освен што ја „бива“ за работата која ја работи, Јелена Спенџарска последните година, две, на социјалните мрежи покажа и дека знае да размислува, но што е поважно да расудува реално, па и да ги потенцира своите маани, особина која е непозната за многумина.

Јелена Спенџарска, популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи, е често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Водителката покрај на малите екрани, се повеќе внимание преку објавите на социјалните мрежи.Јелена е активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм каде ја следат повеќе од 44 000 следбеници.

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив и повеќето се согласуваат.

Профилот на убавата водителка е преплавен со прекрасни фотографии и видеа, како професионални така и приватни фотографии и моменти споделени со бројните фанови.

Од пред некој ден Спенџарска сподели дека заминува на патување, па сега го користи секој момент за да им сподели на фановите каде оди и како си поминува.

Имено, водителката отиде во Италија и објави неколку места коишто ги посети како езерото Комо и местата Белаџо, Менаџо, но сподели и интересна случка – и го загубиле куферот на аеродром па мораше да го чека во хотелот.

Но, тоа не ја спречи Спенџарска да шета иако не можеше да се дотера во нејзин стил. Откако си го доби куферот со гардеробата, се облече во најшарениот комплет и зачекори низ галеријата во Милано каде беше неверојатно пречекана.

Како што самата си сподели, нејзиниот шарен стајлинг ги привлекол фотографите околу неа, па налик позната ѕвезда им беше во центарот на вниманието.

Од местата коишто ги посетува се гледа дека прекрасно си поминува, но се уште не сподели дали заминала сама или со нечија придружба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.