(ФОТО) Пејачот Јордан Митев најави концерт во земја каде живеат многу Македонци

  • By klaster3
  • април 23, 2022
  • 0
  • 371 Views

Јордан Митев важи за еден од нашите најпознати и најбарани пејачи. Потекнува и живее во радовишко Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип.

Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.

Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.

Таму ги поминал наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари.

Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како:Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор.

Често знае да напише по некој статус или коментар со кој го изразува незадоволството од односот спрема македонските пејачи кај нас.

Деновиве Митев сподели нова песна и спот за пејачката Зорица со наслов „Јас и ти“ чиишто музика, текст и аранжман се негово дело.

Но, во очи Велигденските празници Митев сподели каде ќе ја забавува публиката, а од објавите се гледа дека најчесто е во села, па следачите на големо му изреагираа, па Јордан им се обрати.

„Јас сум патриот, но не сум националист (во тоа има разлика), ги почитувам сите што ме почитуваат мене како Македонец, но жал ми е што мислам, се надевам дека грешам,

ние никогаш нема толку колку што треба да го почитуваме нашиот човек од туѓиот, па макар нашиот одел и на глава пак ќе му се најде некоја маана.

Затоа во етер оди се, само не нешто добро и вредно. Да не се лутиме на нашите соседи, тие се големи професионалци, и кај нив барем оваа работа е поставена за многу многу класи повисоко, затоа и цените се повисоки.

Бидете здрави и живи, а јас каде и да ме повикат ќе пеам и ќе работам, бидејќи на крајот од краиштата, јас и од тоа живеам. Тоа ми е занаетот, а на работата нема срам. Поздрав“, напиша тој.

Но, Јордан денеска имаше нешто убаво да сподели со нашинците во Швајцарија. Имено, пејачот најави концерт и напиша: Концерт во Швајцарија во организација на македонското друштво „Извор“ од Муртен! Ленгакаверк 15, 2557 Штуден Информации и резервации на +41765942373.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *