Низ годините наназад Јелена Спенџарска се изгради во една од највпечатливите и најпрепознатливи ТВ лица во Македонија која е повеќе од една деценија во медиумскиот простор.
Згодната Беровчанка јавноста ја запозна преку утрински програми каде што е заштитен знак, а со гледачите секогаш знае како.
Спенџарска уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.
Спенџарска пролетва и летово е се почесто отсутна од Македонија што е случај и за периодов кога реши повторно да отпатува.
Откако Јелена беше во Италија, Грција и Шведска изминатиот период, сега дојде време и на Хрватска каде што се наоѓа во Сплит.
Таа на својот инстаграм профил каде што е мошне активна сподели пост со низа фотографии од тоа како си поминува и притоа напиша:
Колку е чу ден животот еј, за два дена ( читај,за два дена) тука доживувам такви филмски ситуации, а само неколку дена пред да дојдам бев заг рижена за нешто кое не ми испадна онака како што сакав и не бев баш хепи околу тоа.
Но испадна дека и тогаш кога мислиме дека работите не функционираат во наша корист-напротив, баш тогаш функционираат соврешно во наша корист само треба малку трпение.
Никогаш не сум била поопуштена и поприсутна во моментот. Има некоја ма гија во овој град што страшно многу ми годи