Никола Груевски се огласи предмалку: Личност што секогаш ќе ја паметам

  • By admin
  • јули 23, 2022
  • 0
  • 287 Views

Никола Груевски вечерва се оглси на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Денес поч ина Владо Трнталовски, еден од оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако во поодминати години Владо Транталовски го запознав како многу одлучен, цврст, храбар, интелегентен и непоколеблив човек и голем патриот. Човек кој имаше цврсти ставови и идеали и човек кој ја сакаше Македонија.

Меѓу другите средби, во една прилика кога бев во Ресен, чинам дека тоа беше по свеченото започнување на градба на спомен куќата на првиот претседател на ВМРО (во тоа време МРО) д-р Христов Татарчев во Ресен, заедно со неговата ќерка Дијана ме поканија во неговиот дом во Ресен.

Кога во една релаксирана атмосфера ми раскажуваше многу негови интересни лични сеќавања и случувања поврзани со основањето на ВМРО-ДПМНЕ, од настани во неговата куќа во Ресен и средби во Скопје, па до Минхен и насекаде низ Макеоднија, но и мислење за многу во тој момент актуелни прашања во Македонија и во партијата.

Секогаш ќе паметам дека беше еден од првите основачи кој ми даде јавна и одлучна подршка кога настана рас колот во ВМРО-ДПМНЕ во 2004та година.

И покрај возраста, беше редовно присутен на сите позначајни настани за државата и партијата, и во добри и во тешки времиња.

Пријатен соговорник, прониклива личност, навидум питом и смирен но цврст како карпа во своите патриотски ставови и идеали и подготвен за секаква жртва за Македонија. Личност што секогаш ќе ја паметам и со позитивни чуства ќе се присетувам.

За неговото семејство искрени сочувства. Имаат причина да бидат горди на него. Нека по чива во мир!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *