(ФОТО) Македонскиот пејач во друштво на Новак Ѓоковиќ – објави заедничка фотка со Србинот

  • By admin
  • јули 11, 2022
  • 0
  • 510 Views

Како што е познато, Србино Новак Ѓоковиќ вчера го победи Ник Кирјиос (4-6, 6-3, 6-4, 7-6/3) и на тој начин ја освои седмата титула на Вимблдон.

Првиот носител го загуби првиот сет, но потоа започна да игра во свој препознатлив стил и направи пресврт за конечна победа. За него ова е 21. Грен слем трофеј во кариерата, па сега стои на еден од рекордот на Рафаел Надал.

Српскиот ас, кој оваа сезона мина низ многу тешки моменти, на херојски начин ја одбрана титулата во Лондон, а по завршувањето на финалето не можеше да ги соочува емоциите и заплака како да му е прв трофеј од најпрестижниот Грен слем, а не седми.

Новак Ѓоковиќ на тој начин останува „крал“ на Вимблдон. Интерес, двајцата пред оваа средба се пошегуваа дека кој и да победи во финалето ќе чести вечера.

„Затоа загуби. Не знам дали ќе вечераме вечерва или некоја друга прилика. Ова е почеток на пријателство. Ник, ќе се вратиш тука во финалето на Вимблдон.

Не само во Вимблдон, туку и на некое друго Грен слем финале. Знам дека е тешко да се најде утеха, но ти покажа зошто си еден од најдобрите во светот на оваа подлога“, беа зборовите на Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ во неделата го освои Вимблдон, свој 21. Грен слем трофеј во кариерата, а новата седмица ја започнува со пад од четири места на АТП-листата. Ѓоковиќ од денес е седмиот тенисер на светот.

Причина за падот на Ѓоковиќ е тоа што Вимблдон годинава не се бодуваше. Ова е одговорот на АТП и ВТА на одлуката на челниците на турнирот во Лондон дека руските и белоруските тенисери не можат да настапат на Ол Ингланд Клаб.

Прв тенисер на светот сè уште е Русинот Данил Медведев, на второто место останува Александар Зверев, а трет е рекордерот по број на Грен слем трофеи (22) Рафаел Надал. По нив следуваат Гркот Стефанос Циципас, Норвежанецот Каспер Руд и младиот шпански тенисер Карлос Алкараз.

До крајот на годината Ѓоковиќ може да дополнително да падне бидејќи не му е дозволен влез во Соединетите Американски Држави, бидејќи не е вакциниран, па така нема да може да ги одбрани 1.200 поени од ланскиот УС Опен, кога го загуби финалето од Медведев.

Општо познато е дека Ѓоковиќ има голем број фанови во Македонија, а еден од нив е и пејачот Сашко Нојкиќ или познат како Цаки Кисми.

Истиот се пофали дека имал можност пред неколку години лично да се запознае со Новак со кого имаат и заедничка фотографија која сега ја објави на својот профил на фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.