Ламбе Алабаковски со најава кој долго време се чекаше израдува многумина

  • By admin
  • јули 11, 2022
  • 0
  • 358 Views

Како што е познато Ламбе Алабаковски своевремено беше еден од најпопуларните македонски пејачи и кој го живееше врвот од музичката кариера, но се реши да замине во Америка.

По неколку години апстиненција од медиумите, Ламбе Алабаковски повторно е актуелен откако се врати од Америка и одлучи да остане во Македонија.

– Едноставно животот ме натера да заминам. Немаше некоја посебна причина да заминам, тогаш морав тој период да бидам таму кажа неодмана во едно од своите први интервјуа по враќањето и додаде:

– Еве после шест години се вратив овде. Животот во Америка беше убав период во мојот живот. Се посветив на семејството.

– Работам на доста нови проекти, почнав да настапувам низ Македонија, ќе излезат нови песни а се надевам таму во септември дека и албум ќе излезе.

Тој неодамна мина низ тежок период откако заврши зад решетки поради случајот со бугарскиот клуб во Битола, но се чине сега сето тоа е зад него.

Ламбе има бројни настапи ширум Македонија како и голем број договорени настапи летово и е еден од најбараните домашни изведувачи во моментов.

После долги години пауза од музичката сцена, Ламбе доцна синоќа преку својот профил на Инстаграм најави нешто ново, поточно нова песна.

Истата го носи насловот „На чекор од Брегот“, а засега не се познати повеќе детали за тоа кога ќе биде пуштена во јавноста.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *