(ФОТО) Македонската пејачка беше да ја мести карлицата: Секој дел од моето тело си дојде на свое место

  • By klaster3
  • октомври 4, 2022
  • 0
  • 340 Views

Македонската пејачка Елена Петреска важи за една од плејадата успешни пејачки која години наназад опстојува на нашата музичка сцена.

Кариерата ја започнала со пеење на детски фестивали и продолжила со студиите на Музичката академија во Скопје.

Елена завршила на петтото место со 67 бода на Скопскиот фестивал 2007 (македонски избор на Евровизија) со песната „Пеам“. На црногорскиот фестивал, Будва 2007, Петреска го освоила деветтото место со песната „Кад Лептир Слети“.

Таа е вработена во Националната опера и балет како дел од хорот, и иако не го исполнија сонот на нејзината мајка да стане оперска пејачка, таа е среќна во средината во којашто работи.

Иако во последно време е послабо активна на поп-сцената, музиката е и понатаму дел од нејзиниот живот.

На приватен план пак Елена Петреска вреди дасе каже дека во брак со Андреј Толевски, мајка на Михаел и на Софија

Во последно време многу наши музичари го кренаа гласот против газдите на локали и организатори на концерти поради тоа штог и фаворизираат гостите од странство, пред се од соседството.

На оваа тема имаше што да каже и самата Петреска која во интервју за Фокус меѓудругото кажа:

„Немам ништо против колегите од соседните држави, но факт е дека Македонија за нив е исто што и Австралија за нашите пејачи. Тука ги заработуваат најголемите хонорари“.

Елена е често активна на социјалните мрежи каде споделува делови од приватниот живот, па така и овојпат покажа дека оди на масажа за кичмата и напиша:

Денес после тренинг бев на Јумеико масажа во палестра.фитнес.центар. Јапонска метода со која се мести карлицата. Јапонците веруваат дека карлицата може да биде причина за многу тего би во телото па затоа треба да биде во совршен баланс.

Ова е мое прво искуство со ваков тип на масажа и е одлично! Чувствувам дека секој дел од моето тело си дојде на свое место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *