Малата Марта живееше во куќа од кал, а сега се радува на новиот дом: Имаме купатило, кујна и подобар пат до училиште

  • By klaster3
  • октомври 4, 2022
  • 0
  • 332 Views

Фотографиите од малата Марта (14) и нејзиното семејство го обиколија Балканот на крајот на 2021 година. Девојчето кое учеше под јорган, во земјена куќа без струја и вода, имаше само една желба која штотуку и се исполни!

На лицата на децата веќе не се гледаат тра ги од тешка финансиска состојба во којашто живееја претходно.

– Многу е подобро отколку што беше, многу повеќе соби, имаме услови за живеење. Имаме бања, кујна, се е средено! Патот до училиште е многу подобар.

Веќе не морам да менувам чевли и да носам чизми – со весел глас ги сподели малата Марта своите впечатоци од новата куќа.

Иако пред неколку месеци објавивме дека се собрани над 100.000 евра наменски донации, реализацијата на акцијата траеше извесно време поради потрагата по соодветна куќа.

Куќата со 36 декари земјиште во селото Породин, општина Жабари, успеа да ги исполни желбите на самото семејство, неговите најмлади членови да имаат одлични услови за психофизички развој и посреќно детство.

Вкупната вредност на проектот е 4.764.292 динари. Останатите средства собрани во оваа кампања ќе бидат насочени кон помош на ранл ивите семејства низ целиот Балкан.

Порано ситуацијата беше безизлезна, додека денес во новата куќа децата имаат се што им треба за да живеат во нормални услови.

Да потсетиме, мајката Данијела го изгубила видот како дете, додека таткото Здравко имал тешки пов реди на ногата. Поради ова Марта уште од мали нозе морала да им помага на родителите и да се грижи за братот Здравко (5) и сестрата Здравкица (2).

Им благодариме на сите добри луѓе и на организацијата Срби за Срби што ни помогнаа да добиеме куќа! – беа зборовите на малата Марта на самиот крај.

Илјадници добри луѓе направија уште еден незаборавен подвиг, а радоста и среќата што ги споделивме со семејството Јовиќиќ-Новаковиќ ќе останат врежани во нашите срца засекогаш!, пренесуваат од организазијата Србизасрбе.орг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *