(ФОТО) Лила Филиповска со порака до идниот сопруг: Свесен ли е каква кралица ќе ожени

  • By klaster3
  • април 6, 2022
  • 0
  • 725 Views

Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.

Ако некоја личност од естрадата кај нас, може да се нарече инфлуенсер, тоа секако е Лила. Успева да ги договори најјаките брендови, да биде нивно заштитно лице.

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за најуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.

Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.

Нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.

Еден период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песни.

По разводот со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогашен водач на групата „Ариа“ и нивниот музички излет на фестивалот „Охридски трубадури“, таа ја оставила музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е неприкосновена – ТВ водителството.

Нејзината популарност до израз доаѓа со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.

Сега, веќе 11 сезони секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.

Освен тоа имаме прилика да ја гледаме секој ден во забавното шоу „Се или нешто“, Лила е активна и на социјалните мрежи на коишто рекламира одредени модни брендови, козметички произови, патувања, накит.

Покрај рекламирањето најчесто знае да објави фотки и од приватниот живот, од нејзиниот миленик Рагнар, но и интересни објави со кои ја интри гира и изненадува јавноста.

И овојпат изгледа има некоја скриена порака со прашањето на споделената слика: Каде е и што прави мојот иден сопруг и дали е свесен каква кралица ќе ожени?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.