(ФОТО) Влатко Миладиноски го фати носталгија за Австралија – па се наврати на убави спомени

  • By klaster3
  • април 5, 2022
  • 0
  • 348 Views

Влатко Миладиноски, пејач на фолк музика, јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера.

Со неговите песни тој е познат не само на македонската сцена, туку и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.

Овој кичевец е еден од поретките естрадни уметници кој не е многу активен на социјалните мрежи, туку кариерата ја гради на квалитетна музика и песна.

Откако мерките олабавија, Влатко продолжи со настапите, како во нашата држава, така и надвор од границите каде што има наша дијаспора. Пред се со патриотските песни кои ги исполнува со многу емоција се едни од најомилените кај неговите фанови.

Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.

„Срцата ни се полни кога гледаме како насекаде низ светот, па дури и во далечната Австралија, нашинците ја знаат и негуваат нашата народна песна“, изјави тој во една прилика за Екран.мк.

„Јас често патувам и навистина уживам во секое патување. Секогаш имам простор за релаксирана прошетка таму каде што настапувам. Некако Цирих би го издвоил кој често го посетувам и за кој ме врзуваат убави спомени.

Јас сум човек кој сака природа. Затоа и Ботаничката бавча би ја издвоил и еден ден сакам да ја одведам и сопругата за да ужива во тој рај за очите. Но, ниедно место не би го заменил со нашата мила Македонија и Кичево“, вели Влатко.

Најголема поддршка на Влатко е неговата сопруга која има целосно разбирање за неговите бројни ангажмани. Вели дека му се исполнил сонот да има две ќерки – тоа се Илина и Андреа.

На социјалните мрежи ретко е активен и како што вели има само „фан страница“ која ја води негов близок пријател бидејќи повеќе сака директна комуникација со луѓето.

Сепак, изгледа пејачот се потсети на убавите времиња кога можеше да патува на турнеи во далечната Австралија, па на неговата страница сподели носталгична фотка од пред три години.

„Слика од пред точно 3 години,во текот на нашата турнеа во Австралија…Заедно со Златко, Дамјан, Тоде Новачески и Роберт“, напиша Влатко.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *