(ФОТО) Елизабета, сопругата на Претседателот Пендаровски со нов голем потег

  • By admin
  • јуни 19, 2021
  • 0
  • 10059 Views

Елизабета Ѓоргиевска е сопруга на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски и во моментов прва дама на Македонија. Како што е познато со претседателот Пендаровски го имаат синот Огнен.

Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.

Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.

Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции.

Држела предавања и работилници на научни конференции во Северна Македонија и во странство. Автор е на 2 и ко-автор на 3 монографии. Во периодот, 2010-2014 година беше претседател на Македонското здружение по детска и превентивна стоматологија. Таа е членка на MDA, FDI, IAPD, UKSB и визитинг професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД.

Во 2014 беше првата сопруга што се вклучила непосредно во предизборната кампања на својот сопруг, претставувајќи ја пред гласачите неговата приватна страна. Стево Пендаровски стана претседател при вториот обид, во изборите 2019.

И тогаш и во други прилики, при секое појавување го привлекува општото внимание – со дискретниот филигрански изглед, секогаш внимателно заокружен, и со одмереноста на искажаните ставови, секогаш добро обмислени.

-Стево постојано се обидува да нѐ заштити од несаканите влијанија поради неговиот политички ангажман, особено во одредени тешки периоди минатите години.

Но, секако дека ние заедно ги поминуваме и добрите и лошите моменти и јас сакав да проговорам за него како личност, која најдобро го познава.

Многумина дури и денес го гледаат (како што реков и тогаш) како строго лице од ТВ-екраните, токму поради сериозноста на темите за кои зборува, но, ние дома го знаеме како прекрасен сопруг и татко, базично чесен и исклучително толерантен. Затоа, сакав и другите да ја запознаат и таа негова страна и тоа беше исклучиво моја одлука“, изјави во едно интервју Елизабета.

Таа пред некој дена преку својот профил на фејсбук сподели вест за уште еден нејзин хуман потег

-Со подготовка и дистрибуција на топли оброци, народната кујна во Шуто Оризари секојдневно им помага на околу 200 семејства од општината.Иницијатива којашто заслужува голема почит.

Верувам дека ќе је подигне јавната свест за важноста на овој вид на активности. На социјално-ранливите категории на граѓани добредојдена им е секоја помош за полесно да се справат со предизвиците.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.