Фудбалската федерација на Македонија и Центарот за едукација во периодот од 10. до 15. мај во хотел „Истатов“ во Дојран го организираа првиот курс за добивање на УЕФА Ц тренерска лиценца во Македонија.
На курсот беа присутни сите пријавени 36 кандидати кои успешно ги комплетираа обврските поврзани со теоретско-практичната настава одржана на семинарот во рамки на група 1.
Предавачи – Демонстратори во Центарот за едукација (ЦЕ) кои го реализираа курсот беа: Небојша Марковски – директор ЦЕ на ФФМ, Ленче А. Величковска – Декан ФФОСЗ, Вујица Живковиќ – Проф. ФФОСЗ, Висар Ганиу – градоначалник на Општина Чаир, Жикица Тасевски – професор ФФОСЗ, Борче Христов – УЕФА ПРО, Гордан Здравков – УЕФА ПРО, Др. Илија Стоилов, Бојан Марковски – грасрут Менаџер;
Со оглед на големиот интерес и пријавените повеќе од 100 кандидати, покрај првата, Центарот за едукација при ФФМ формираше уште две групи.
Вториот курс за група 2 во рамки на првата генерација кандидати за добивање на УЕФА Ц диплома ќе одржи во период 23. до 28. мај 2022.
Третиот пак, наменет за Група 3 се одржи во период 6. до 11.јуни 2022. Двата курса ќе бидат организирани во хотел Истатов, Дојран.
Во последната, група 3 учество помеѓу многуте фудбалски имиња, учество зеде и еден познат македонски политичар кој беше и македонски министер.
Станува збор за Никола Попоски кој беше министер за надворешни работи во периодот 2011–2017.
За Поповски е познато дека завршил на економскиот факултет на Скопскиот универзитет и бил стипендист на француската влада на универзитет во Ница. Магистрирал европски економски студии на колеџот на Европа во Бриж, Белгија.
Во периодот од 2003 до 2004 работел во државната управа на руренско пристаниште, а до 2004 бил и секретар во француската амбасада во Македонија. Во 2010 година бил именуван за амбасадор на Македонија во мисијата на ЕУ во Брисел.
Попоски зборува француски, англиски, италијански, холандиски и хрватски. Добитник е на „награда за посебен придонес од доменот на ЕУ политиката за проширување“, доделена од Европската Комисија.
Попоски се чини сега решил дека е време да сврте нова страница во животот па така изминатите денови во Нов Дојран полагаше и практиечен и теоретски дел и се здоби со УЕА Ц диплома.